Поставени донациски кутии наменети за собирање на средства за децата со посебни потреби

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници се поставени повеќе од 20 донациски кутии во маркетите на КИТ- ГО со цел собирање на средствата за потребите на децата со посебни потреби од Штип. Овие донациски кутии беа обезбедени од средствата собрани од хуманитарниот концерт на Здружение Цивитас. Кутиите понатаму се во сопственост на центарот за деца со посебни потреби и тие ќе имаат обврска да ги собираат средствата и уплаќаат на нивната донаторска сметка која е отворена со цел купување на возило со рампа  наменето за  транспорт на лица со инвалидски колички со цел обезбедување на трајно решение за патување на овие деца.