Намалете ја кашлицата со кора од портокал

Ова е една од оние класични рецепти кои се лесни, ефикасни и составени само од една состојка. Единствениот проблем во овој случај е што треба да се снабдите со портокал кој е органски, за да може на тој начин да се избегне содржината на пестициди кои се наоѓаат во некои од плодовите кои можат да се најдат на пазарот.

Потребни производи:
1 чаша вода, 1 органска кора од портокал
Подготовка:
Ставте една чаша вода да зоврие. Потоа додадете ја кората од портокал. Оваа смеса оставете ја на шпоретот уште 10 минути на ниска температура. Извадете ја кората од портокал и пијте ја водата. Препорачливо е да се пие пред спиење.