Интервју со психолог. Јован Велески, за моќта на едукацијата како елемент за сузбивање на алкохолизмот

2
1930

Алкохолизмот е долготрајна и прогресивна зависност со социо-психолошки и медицински последици. Се смета дека во Македонија има окулу 84 000 зависници од алкохол, се јавува и кај мажите и кај жените, без разлика на возраста и социјалниот статус. Освен зависници има и така наречени злоупотреба на алкохол од страна на млади, возачи, слузбеници, кои не се зависници но направиле некој проблем под дејство на алкохол. Токму поради овие причини  колку едукацијата може да се справи со овој феномен подетално поразговаравме со Јован Велески психолог, супспецијалист по медицинска психологија вработен во кабинетот за медицинска психологија при Општата Болница во Прилеп,  долгогодишен терапевт во Клубот за лекувани алкохоличари од Прилеп и член на Државната комисија на РМ за намалување на штетите од алкохолизмот .

1. Може ли воопшто да се зборува  дека едукацијата  како интелектуален феномен може да се справи со една комплексна психо и социопатолошка појава  како што е алкохолизмот?

 – Секако дека може,впрочем и скептицизмот кој  е дел од  Вашето прашање укажува на тоа дека во човековата природа е  да поставува прашања и изнаоѓа практични  решениа. Но за тоа ни треба  солидно  когнитивно функционирање, да ги прпознаваме феномените , да ги поврзуваме предходните искуства и актуелната ситуација ,за да го изнајдеме најдоброто решение. Впрочем и некои издржани психолошки теории  укажуваат дека менталните одбрани го штитат телото од симптомот во натамошно  негово пропаѓање низ слоевите на личноста  се до соматизација.Затоа е тука интелегенцијата да ги поврзе сите одбрамбени сегменти на организмот и личноста.

2. Спомнавте теории во Вашето излагање, за какви теории се работи?

 – Тука пред се мислам на повеќе научни концепти кои се и експериментално и емпириски   потврдени во праксата,  баш во справување  со алкохолизмот и останатите психо и социопатолошки појави, наспроти комерцијалните  фармакопродукции. Веќе Пјер Марти потврди дека личноста има на располагање четири типови на реагирање на  ментални одбрани, па Клонигер и Греј  кои укажаа дека  предоминацијата  на одреден  невротрансмитерски систем  ги усмерува  менталната и соматската одбрана на организмот, или пак теоријата на Јагодински за сончевите ерупци  како стимулација на ацетилхолинтрасферазата  во  човекот, што во суштина го натерло Макс Лишер да ги постави основите  на Колор психолошките тестови.Тука е и искуствот на Фолкес и со Групната динамска терапија  и за крај би завршил со фамозниот Вилхем Рајх кој тврдел дека човечкото тело е способно самостојно да се регенерира, без медикаменти.

11039271_834915756583077_2244044653042186172_o

3. Алкохолизмот  е  многу специфична човечка аномалија  блиска до вулнерабилните категории на луѓе и маргиналните општествени групи, како едукацијата  ќе им помогне токму нив?

–  Алкохолизмот пред се  една тријадна врска помеѓу алкохолот. личноста  и социјалната компонента. Кога алкохолот ќе се употребува прекумерно се ствара проблем. Тој проблем може да биде  здравствен, социјален, психички, или да има кривично-правни и пенолошки последици.Затоа треба во сузбивањето на алкохолизмот да бидат вклучени сите општествени ресурси, а општеството  ја прифаќа моќта на докажаните искуствата и систематизираните сознанијата., што во суштина се модели на учење.Професор Худолин од Загреб ги постави основите на еден ваков про-едукативен  медицинско –психолошко-социолошки модел, а Јелинек институтот од Амстердам ,кој се смета за еден од водечките во Европа. од оваа област и дава предност на едукацијата во борбата против алкохолизмот.

4. Кои се тие мерки за едукација  и промоција  за сузбивање на алкохолизмот?

– Мерки од едукативен карактер подразбира припрема, развој и одржување на програми  кои се базирани на стручни, научни  и практични  модели,методи  и техники, кои содржат информации како да се спречат или ублажат последиците од злоупотребата и зависноста од алкохол и да укажат на здравите животни стилови без неговото консумирање. Мерките  треба да содржат  достапни  информации до јавноста  за сите негативни аспекти од  конзумирањето на алкохол и последиците од  тоа, придобивките од апстиненцијата, намалувањето на штетите од  пиењето на алкохол,карактерот на болестите на зависности, начинот на справување со нив, начинот н одржување на апстиненција, прифаќање   на  животен стил  без алкохол,како и ризикот од кривично-правните и пенолошките последици.Се применуваат преку одржливи проекти, развојни програми, промоции  и  медиумски кампањи, на владиниот и невладиниот сектор. Истите треба да се инплементираат до  целата заедница  преку јавниот сектор, локалната самуправа, граѓанските здружениа, медиумите, политичкиот и економскиот состав на заедницата.

5. Кои би требало да се носители на дејноста  и со каква цел се преземаат ови мерки ?

– Носители на дејноста на мерките од едукативен карактер треба да бидат јавните и здравствените работници, просветните и социјалните работници, новинарите, спортистите и естрадата, како и носителите на јавни функции. Целта на овие мерки е подигање на свесноста за штетите, последиците и ризиците  кои ги носи злоупотребата од прекумерното пиење на алкохол.

6. Со оглед дека се работи за широка  општествена акција  која треба да влијае врз популација со различен степен на интелектуална култура, како би се спровеле овие едукации?  

-Да секако дека  мерките од едукативен карактер треба да бидат наменети и прилагодени на три општествени категории,во зависност од интелектуалното ниво :

 1.Стручни лица кои професионално работат на полето на алкохолизмот

Под оваа категорија спаѓаат  професионалци со содветно завршено образование  и стручно познавање од областа на алкохологијата,како што се  медицинари, психолози и социјални работници. Едукацијата подразбира  стажирање во соодветни установи или тераписки заедници (КЛА) најмалку 6 месеци , оспособување преку  семинар или обука за работа во областа на алкохологијата и да имаат основна професионална  лиценца .Само ваков профил може да припрема,развива  имплементира  едукативни програми ,проекти и кампањи  базирани на стручни и научни факти ,а кои ќе бидат од корист за останалите категории на население.Во овој контекс се предлага  учениците и студентите  од  од стручните профили кои се наведени да поминуваат  дел од својата  обука, феријална пракса или стажирање во институциите за третман на лица злоупотребувачи на алкохол или КЛА.

2.Зависници и злоупотребувачи на алкохол и нивните семејства

Едукативните развојни програми за оваа категорија на луѓе треба да се одвива во рамките на тераписките заедници за рехабилитација и продолжен третма наречени Клубови на лекувани алкохоличари.

Методологијата  подразбира  превземање  активности  за формирање на нови КЛА и интегрирање на лица кои имаат проблеми  поради пиење на алкохол.Клубовите преку редовни едукативни седници ги едуцираат членовите за  справување со лични кризи и одржување на апстиненција, развиваат  патронажни служби, СОС –телефонски линии,обучуваат  котерапевти  и соработници од постарите  апстиненти,за да  формираат групи за самопомош со цел  информирање  на зависниците и нивните семејства  за начинот и текот на лечењето  и да ја анимират  јавноста за штетните последици од  пиење на алкохол.

Во овие едукативени програми треба да ги вклучат и оние лица кои под дејство на недозволена  количество на алкохол биле учесници во сообраќај и кои имаат пенолошка мерка  забрана за возење,кои би требало да посетат  4 едукативни седници во Клубовите  или советување од стручно лице.

Посебен осврт  на едукацијата треба да се обрне на вулнерабилните категории на членовите од семејствата кои имаат алкохоличар  кој не сака да се лечи и кои најчесто се жртви на семејно насилство.

3.Општата популација на населението,пред се младите луѓе и децата.

Едукативните активности  кај оваа категорија можеме да ги одредиме како првентивни и промотивни  .Особено во овој контекс да се обрне внимание на школските деца и адолесцентите.

Преку специфични едукативни активности,со  непосредна работа  и предавања, психоедукативни работилници, креативни активности и манифестации да се презентира пред младите ризикот од употребата и злоупотребата од алкохол.Едукативните кампањи за возрасните да бидат прилагодени за нивниот интерес и внимание. а може да биде и организирана како граѓанско здружение под надзор на лиценцирано стручно лице.

Преку неспецифични активности кај децата ,адолесцентите и возрасната популација да се промовира здравиот стил  на живот и да се создаде креативна животна алтернатива во која ќе се избегнува прекумерното пиење и пиењето на алкохол воопшто.Генерална едукативна препорака  е на секоја акцизија за продажба на алкохолен пијалок да стои дека еден минимален дел од заработувачката оди во фондот  за намалување на штетите од пиењето алкохол.

Во овој контекс спаѓа развивање на промотивни кампањи преку медиумите, спортските  и естрадните манифестации, културните настани, издаваштвото, економските и туристичките форуми и сл. Сите овие кои во својата основна активност имаат кампања за борба против алкохолот да имаат соодветен општествен бенефит.

10917140_834914053249914_4238134734578264248_o

7. За крај какви се нашите Македонски искуства?

– Македонија  сепака има добри искуства во оваа област. Иако функционираме од секаогаш со  10-тина клубови, наспроти соседите од Србија со 67,Хрватите со 140, Босанците со 22,Словенците 86, за Бугарија немам податоци,сепак овој концепт на едукација опстојува веќе 40 години на овие простори. Стручниот кадар истотака си ја знае работата .Она што не функционира во последниве 20 години е одсуство  на подршка од владеачките гарнитури иако секоја од нив ја има декларативно оваа проблематика  во својата политичка агенда.Но да се надеваме на подобри времиња  зошто токму сега Владини експерти ја пишуваат  Националната стратегија за сузбивање на штетите од алкохолизмот кај населението од РМ.

10704251_834915086583144_3597968369151392853_o