Интервју со М-р Павлина Николовска за функицјата на социјалениот педагог и неговата улога во општеството

0
1791

Социјалниот педагог  не е нова професија во светот, како таква се појавува во втората половина од деветнаесеттиот век и имала за цел да ги поврзи социјалната работа и едукацијата. Во нашите простори оваа професија се јавува многу подоцна и токму поради оваа причина поразговаравме со М-р Павлина Николовска, социјален педагог при ЈЗУ ,,Панче Карагозов” Штип за она што всушност е професијата социјален педагог и колку е потребна денес во општеството како таква.

 

1. Зошто социјален педагог? Зошто ја избравте токму оваа професија?

– Социјален педагог(повеќе професии во едно) или етички водач во животот на едн клиент. Тоа значи дека нашата работа се темели на почитување и прифаќање на документите на заштита на човековите права или право на човекот за слобода, автономија , дигнитет и еднаквост.

2. На што се темели работата на социјалниот педагог?

– Работата на социјалниот педагог се темели и е позната по хуманото и самоиницијативно постигнување т.с. исполнување на стратешките цели дадени во Националната стратегија на Владата на Р.М.  2010-2020. Поради сето ова со голема радост а и моја чест е да бидам и дал од вашиот хуман тим “Цивитас” за кој верувам и сум убедена дека ќе ги следи и почитува насоките содржани во Документот за Политиките на МТСП, а кои се во согласност со актуелниот социјлниот контекст на социјално исклучените лица.

12240_10203626861743757_7896566777155617018_n

3. Кои се основните дејности на социјалниот педагог?

– Социјалниот педагог на работното место или надвор од него треба да делува воспитно и организирано со социјалните делувања. Со негова помош воспитаниците успеваат да се справат со секојдневните училишни проблеми. Oсновните дејности на соц.пед.се: воспитно образовната дејност, координативната, административната, научноистражувачката и јавната дејност. Воспитно образовната дејност е во основата на неговата работа бидејќи е сврзана со учителската, а тоа е поради фактот што тој исклучиво работи со лица кои се со нарушена социјална адаптација. Важна е и неговата координативна дејност. Тој секогаш се координира со работата на рзлични специјалисти и социјални фактори. А целта на сето тоа е да се укаже помош на сите кои имаат проблеми со нормалната социјална интеграција и нормалниот начин на живот.

4. Која е улогата на социј.педагог во општеството?

– Социјалниот педагог исполнува повеќе улоги и тоа се должи на комплексниот карактер на социјалното воспитување и интеграција. Улогите се професионални односно повеќе професии кои имаат заеднички карактер. Истите можеме да ги поделиме на основни и второстепени улоги. Во основните спаѓаат педагошката улога од која произлегуваат образовната и воспитната и улогата на социјален работник која се однесува на социјалната помош. Во второстепените улоги ја имаме правната, псохотерапефтската улога и улога на лекар.

5. Социјалниот педагог има и свои граѓански позиции, Ве молам посочете ѓи?

– Позицијата на социјалниот педагог е поврзана и се однесува само на односите со воспитаниците. Позицијата е карактеристика на секоја личност која што наоѓа израз во односите со воспитаниците. Позицијата на соц.педагог во училишните раковотства во нормалните и специјализирани училишта е во функција на консултант и конструктивен работник. Од оваа позиција соц.пед. бара решение за проблемите преку дијалог и размена на мислења. Позицијата на соц. педаг. Поврзана со учениците е : позиција на авторитативно поведение, неафторитативно поведение, позиција на консултант и конструктивен советник и позиција на заштитник . Ова последното значи дека кога правата на наставниците се нарушени во училиштата соц. педагог ја завзема позицијата на заштитник на нивните права.

46568_10201143842705814_1836036225_n

6. Кои се професионално-персоналните квалитети на еден соц.педагог?

– За да се реши успешно тешкотијата и проблемите на клиентот од определен степен ќе зависи од професионалните персонални квалитети на соц.пед. а не само од теоретските знаења и практичната умешност.Кај соц.пед. важен е талентот на комуникација која има пет вида на квалитети:

  • Набљудување, брза ориентација, добра и квалитетна анализа
  • Голема хуманост и висок морал
  • Интерес кон сопстевната личност и кон личноста на другите
  • Способност за самоконтрола на однесувањето
  • Добра општа едукација

7. Кога сме веќе кај хуманоста зошто акцентот денес многу се става на работа и заштита на децата од социјално исклучените семејства и децата со ризик?

– Развојот во детството не може да се надомести со ниеден периот од животот. Без соодветна заштита децата нема жанси да се развијат во здрави возрасни кои се способни да се грижат за себе.

8. На што во иднина треба да се посвети внимание?

– Моето мислење е дека посебно треба да се работи на подобрување на превенција со други зборови изготвување на превентивни програми кои ќе бидат насочени кон учениците, семејствата и училиштата. Превенцијата е најдобар механизам за остранување или спречување на појава на ризично однесување. Со изготвување на превентивни програми и рапота на нив ќе се делува на ризичните и заштитни фактори, а се со цел да се придонесе за позитивен развој и промоција на менталното здравје.

9. Бидејќи на самиот почеток рековте дека вашата работа се темели на стратешката цел на  Владата на Р.М. а која е и поврзана со вашата илога во нашето здружение на граѓани, Ве молам за крај и истата да ни ја кажете?

– Намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во РМ преку подобро користење на расположивите човечки и материјални ресурси, подобрување на условите за живот, за работа и на општествените услови на сите граѓани, системско и институционално содејство во функција на побрз развој , повисок стандард и поквалитетно живеење.