Ивана Наумова, Марија Груевкса и Зоран Илиев ќе бидат дел од големиот хуманитарен концерт на ,,Цивитас”

0
1609

Еве детали и за забавниот блок покрај Марија Груевска која веќе одамна го потврди своето присуство, огромен придонес  со совето присуство ке дадат и Ивана Наумова Зоран Илиев

Оваа година на малиот јубилeј на сцената во Домот на културата во фолк делот  ќе се појават Јордан Митев, Сања Барби, Анета Арсовска, Пантелија Тодороска, Медиум Бенд  и Ален Хасановиќ секако ова е само дел од изведувачите. Како што веќе претходно ви откривме дел од овој хуманитарен концерт ќе бидат и играорците од КУД ,,Ристо Донев Учителот” кои се долгогодишни соработници на ,,Цивитас” и зад нас стојат многу успешни хуманитарни настани. Во оваа прилика тимот на ,,Цивитас” им се заблагодарува на сите изведувачи кои ќе дадат свој придонес на овој преубав хуманитерен настан.

Влезниците се во предпродажба и дел се распродадени  на бизнис секторот кои петта година по ред го подржуваат овој хуманитерен настан. Влезниците се по симболична цена од 50 денари, а оваа године концертот ќе се оджи во Домот на културата ,,Ацо Шопов” во Штип. Средствата традиционално и оваа година ќе бидат наменети за децата со посебни потреби од Дневниот центар во Штип.