Зелениот чај го штити мозокот

Новото истражување успева да идентификува одредена состојка на зелениот чај – супстанцијата epigallocatechin gallate (EGCG). Хемиски, таа припаѓа на групата на полифенолите и од набљудувањата на истражувачите станува јасно дека има својство да го вознемирува процесот на формирање на токсичните бета-амилоидни пептиди.
Бета-амилоидни пептиди се развиваат во мозокот кај Алцхајмеровата болест. Тие го нарушуваат правилното одвивање на врските помеѓу невроните и различните сектори на мозокот и на тој начин ги предизвикуваат опишаните симптоми.
Алцхајмеровата болест е невродегенеративно заболувања карактеристично со прогресивно влошување на когнитивните функции, со намалена способност за извршување на дневните активности, промени на расположението и карактерот и невропсихолошки симптоми.
Претходните истражувања покажале дека зелениот чај го намалил ризикот од Алцхајмерова болест, но не се успеало до моментот да се разјасни на кој начин.
На последното истражување не само што се потврдуваат резултатите од претходните истражувања туку и се откриваат конкретните механизми на благотворното дејство на зелениот чај.
Градивен елемент на пептидите се бета-амилоидните мономери кои заедно формираат олигомери (неколку поврзани мономери). Со искористувањето на магнетна резонанца тимот утврдил дека супстанцијата EGCG ги ремоделира бета-амилоидните олигомери така што се спречува да се формираат пептидите.
Иако ветува резултати, тимот забележува дека во моментов обезбедувањето на пристап на EGCG до мозокот е проблем. Затоа продолжението на ова истражување ќе се насочи кон развојот на методи за надминување на оваа пречка.
Познато е дека секое оштетување на мозокот е неповратно и затоа во оваа фаза главен акцент во однесувањето кон оваа болест е превенцијата. Стремежот на лекарите е насочен кон максималното забавување на текот на болеста и оддалечување во времето на влошувањето на симптомите.