Еве ја боја за 2018 година!

Секоја година, експертите за боја од Институтот за бои Пантоне (Pantone Colour Institute) истражуваат и ги анализираат дизајнот, филмовите, хранаата, модата, уметноста и забавата, како и материјалите, патувањата, спортот и технологијата, за да ја откријат бојата на годината. Оваа година тоа е интензивно виолетовата боја – „Pantone 18-3838“, позната како ултра виолетова.

Се работи за нијанса што оди кон постудениот спектар од виолетовата боја. Тоа е раскошна и провокативна боја што асоцира на богатство, аристократија, но и на непрегледноста на вселената и спиритуалноста.

Летрис Ајземан, извршен директор на институтот, вели: „Живееме во време кое бара инвентивност и имагинација. Токму таква креативна инспирација е карактеристична за ултравиолетовата Пантоне 18-3838, која нашата свест и потенцијал ги носи на повисоко ниво.
Од истражувања на новите технологии и галаксијата, до уметничкото изразување и духовната рефлексија, интуитивната ултравиолетова боја го осветлува патот до она што допрва треба да дојде”.

Ултравиолетовата ја користат бројни технолошки компании, се појави на Саемот на автомобили во Женева, како и на Инстаграм.