Еве како изгледа новогодишната елка на кралицата Елизабета

И во британското кралско семејство, празничното украсување е традиција и секоја година е со различна тема. Лани тоа беше ориенталната естетика, а оваа година изборот падна на златно-жолти декорации.

Со оглед дека во текот на месец декември во замокот се планирани бројни активности, под палката на кралицата секако, декорирањето е доведено до совршенство.

Главната елка е висока шест метри, природна е, додесена од паркот на Виндзорскиот замок, украсена со интересни лампиони во форма на круни. Фигурата во форма на ангел е резервирана за врвот.

И во останатите соби е применета истата тема. Трпезата е блескаво златна, а таков е и приборот за јадење. Од фотографиите се гледа дека во замокот има уште една елка, висока 4.5 метри, украсена со темноцрвени панделки и украси, во склад со останатите декорации во собата во која е поставена.

Иако кралската двојка планира целиот месец да го помине во својата резиденција, сепак Божиќ го дочекуваат во кругот на семејството, по свршувачката на Хари и Меган Маркл, збогатено за уште член во Сандрингемскиот дворец.

Традиционалното обраќање на кралицата за Божиќ ексклузивно ќе го пренесува „Би-Би-Си“, како и секогаш, а истото се снима неколку дена пред закажаното емитување.

Како ви се допаѓаат кралските декорации?

фото извор: thesun.co.uk; uk.businessinsider.com;