ДОМАШЕН ЛЕК – ЦИТРУСЕН МЕДОВ СИРУП

Одличен напиток против настинка и грип кој можете да го додадете во секој тип на ладен или топол пијалок.

Состојките кои ви се потребни за овој рецепт се:

  • Мед
  • Цитрусно овошјe: лимони, портокали, мандарини, лимета
  • Свеж рузмарин и нане
  • Мелен цимет, мелен ѓумбир, карамфилче кардамон

Главните насоки за подготовка на овој рецепт се:

Одберете кое цитрусно овошје сакате да го користите, и исечете го на кругови. Круговите пресечете ги на половина или пак на четвртини. Во мала тегличка додадете половина од овошјето, свеж рузмарин или нане и зачин по ваша желба и додадете го медот. Измешајте и повторете ја постапката. Полнењето на теглата завршете го мед и затворете ја теглата. Чувајте ја во фрижидер. По 4 часа измешајте и сирупот е спремен за консумација.

Како комбинација на цитрусно овошје и зачини се препорачуваат:

  1. Лимон + ѓумбир + мед

За подготовка на овој рецепт потребни ви се:

  • 1-2 лимони
  • 1 лажичка мелен ѓумбир
  • ½ шолја мед
  1. Портокал + каранфилче + мед

За подготовка потребни ви се:

  • ½ портокал
  • 16 каранфилчиња
  • ½ шолја мед

Дополнително можете да додадете ½ лажичка цимет

  1. Мандарина + кардамон + мед

За подготовка на оваа комбинација потребни ви се:

  • 1-2 мандарини
  • 1 лажичка мелен кардамон
  • ½ шолја мед
  1. Лимета + нане + мед

Потребни ви се:

  • 1-2 лимети
  • 6-8 ливчиња нане
  • ½ шолја мед
  1. Лимон + рузмарин + мед

Потребните состојки се:

  • 1-2 лимони
  • 3 гранчиња свеж рузмарин
  • ½ шолја мед

Употребата на сите овие сирупи е многу едноставна, односно се користи како дополнителен засладувач на напитоци, или пак можат да се консумираат директно во ситуации кога имате надразнето грло.

Вака подготвените сирупи траат до 3 месеци откако се направени, со соодветно нивно чување во фрижидер.