Анета Арсовкса и Марија Груевска се семо дел од изведувачите на големиот хуманитарен концерт на ”Цивитас”

Привршуваат и последните подготовки за овогодинешниот хуманитарен концерт на здружението “Цивитас” и Општина Штип кој се одржува по пети пат по повод “Св. Никола” патронот на градот, сите средствата од концертот се наменети за децата со посебни потреби од дневниот центар во Штип. Влезниците се во предпродажба и дел од нив се откупени од страна на бизнис секторот. Оваа година концертот ке биде Јубилеен па се предвидува да трае подолг временски период. Концертот познат по преполна сала со публика  и  оваа година ке биде поделен во два блока, забевен и народен блок.

На сцената на овој преубав настан низ годнините наназат поминаа многу звучни имиња од македонската музичка сцена па и оваа година можеме да одчекуваме богата програма каде ке се појават над десет познати имиња. Како што напоменавме концертото ке биде во два блока забавен и народен блок и отчекуваме да бидат задоволени сите фкусови на сепоброната публика а секако традиционално и оваа годиа настанот ке го збогатат и културно уметничкото друштво “Ристо Донев Учителот” кои традиционлано веќе неколку годни настапуваат. Детали од програмата сеуште се чуваат во тајност деновиве ќе бидат објавени и листата на изведувачи, Ви откриваме само две имиња кои се наоѓаат на листата, познатата фолк пејачка  Анета Арсовска која ке настапи во фолк  дел и Марија Груевска која  најпресно ја паметиме од овогодинешниот макфест , во забавниот дел. Тимот од волонтери на Здружението ”Цивитс” јавно им се заблагодарува за хуманоста, инаку ове две имиња од македонската музичка сцена за прв пат настапуваат на концертот на ”Цивитас” се надеваме дека нашата соработка ке продолжи во иднина.

Концеротот оваа година ке се одржи во Домот на културата Ацо Шопов во Штип на 18 .12 2017 годниа со почеток од 19:00 Ч. па Штип уште еднаш да ја покажеме наштата хуманост.